Патник во авион на американската компанија “United Airlines” насилно е исфрлен од од летот Чикаго-Луисвил кој бил презафатен, откако одбил доброволно да излезе.
Инцидентот кој се случил во неделата ги шокираше патниците, а тие сето тоа го снимиле и поставиле на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како полицајците присилно го извлекува од авионот и го влече по подот. Патникот кој одбил да го напушти авионот бил лекар кој требало да стигне на работа следното утро.
Од “United Airlines” тврдат дека летот бил пребукиран и дека побарале помош од полицијата да им помогне откако патникот одбил доброволно да излезе.
@united @FoxNews @CNN not a good way to treat a Doctor trying to get to work because they overbooked pic.twitter.com/sj9oHk94Ik
— Tyler Bridges (@Tyler_Bridges) April 9, 2017
Ф.Г.