(Видео) Го доживеал најголемиот кошмap: Нуркач сакал да ја истражи прекрасната пештера, но заглавил во неа 60 часа

Поминаа две години откако Сиско Грасија помина низ најголемит кошмар на еден нуркач.

Беше средина на април 2017 година кога овој професор по геологија, кој е и искусен нуркач, скокна во топлите води на Мајорка на рутинско нуркање. Грасија поминувал доволно време под вода и уживал во истражувањето на комплексниот систем подземни пештери.

-Мајорка е поубава под земја, отколку на површина, вели тој.

Го придружувал Гиљем Маскаро со кој сакал да ја истражува пештерата Пикета. Пештера со голем број простории, оддалечени околу еден километар од влезот. Им требало еден час за да стигнат до тие комори. Грасија започнал да собира примероци од карпи, а Маскаро заминал да ја истражи другата комора. Проблемите настанале кога се упатиле кон излезот, а една средба направила целосен пресврт на настаните.

Грасија и Маскаро се сретнале на една раскрсница и подигнале голема прашина од дното на пештерата. Поради тоа не можеле да видат каде се наоѓаат и каде се движат. Тогаш откриле дека нивното јаже за водење е скинато или дека паднало на дното.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.