Полицаецот Хектор Гузман во подземната железница во Лос Анџелес снимил жена бездомник која ја пее операта на Пучини, по што стана вистински хит на интернет.
За само два дена видеото го погледнале 270.000 луѓе. Жената се вика Емили Замурки (52), која стигнала во САД пред неколку децении. Таа вели дека поради здравствени причини завршила на улица.
Имено, како би ги покрила трошоците започнала да свири на улица, но нејзината виолина била уkpaдена, па од тогаш започнале тешките денови.
“Би била благодарна на секој кој ќе ми помогне да се спасам од улицата и секој кој ќе ми помогне да имам дом и свој инструмент”, вели Емили за “Еј-Би-Си”.
4 million people call LA home. 4 million stories. 4 million voices…sometimes you just have to stop and listen to one, to hear something beautiful. pic.twitter.com/VzlmA0c6jX
— LAPD HQ (@LAPDHQ) September 27, 2019