Над Москва се појави чуден феномен, црвен облак кој им даде можност на љубителите на добрите фотографии да направат вистински ремек-дела.
Се почна прилично рутински, со едноставен прекрасен залез над главниот град на Русија кој веќе подолго време поради дождот немаше видено ведро небо.
Меѓутоа околу 20 часот се покажа дека природата има нешто посебно за локалните жители. Голем облак, сличен на памук се појави на покривите и очигледно можеше да се види од секој дел од најголемиот руски град.
Оваа предизвикувачка глетка не можеше да помине незабележано, па фотографии веднаш ги преплавија социјалните мрежи.
Некои од оние кои објавиле слики од овој феномен, меѓутоа не биле во романтично расположение, наведоа дека џиновскиот облак кој е осветлен со темноцрвен залез не е ништо друго тука знак на апокалипса.
Други мислеле дека небото е запалено и дека е време да се повикаат пожарникари.
И конечно, имало и такви кои едноставно го почитувале ова спектакуларно парче природа.