Во Барселона вечерва ќе се одржи рок концерт на кој ќе присуствуваат 5.000 љубители на музиката откако ќе бидат тестирани за Koвид-19.
Властите дозволија концертот на шпанската рок група „Love of Lesbian“ да се одржи со задолжителен тест, а со цел да се тестира ефикасноста на тестирањето во спречување на ширење на заразата на големи културни настани.
Луѓето кои ќе присуствуваат на концертот ќе можат слободно да се движат, но задолжително ќе мора да носат маски. Властите побараа лица со срцеви заболувања, карцином или оние кои биле во контакт со некои од заразените, да не се пријавуваат за присуство на концертот.
Оние кои купуваат билет можат да изберат од три локации во Барселона каде ќе можат да бидат подложени на брз антиген тест. Посетителите со негативен резултат ќе добијат код на нивниот мобилен телефон, што ќе го потврди нивниот билет за концертот во салата „Палау Сан Ѓорди“ во 19:00 часот.
Организаторите наведуваат дека ова е прв настан од волкав обем во Европа од почетокот на пандемијата.
Цената на билетот, која изнесува од 23 до 38 евра, ќе ги вклучува трошоците за тестирање и висококвалитетната маска, која сите ќе треба да ја носат освен додека консумираат храна или пијалоци.
5.000 personas participan en un cribado para el concierto de Love of Lesbian en Barcelona
Por @davidexposito97https://t.co/5GOalR9zhE pic.twitter.com/XtZzdn7MzB
— NIUS (@NiusDiario) March 27, 2021