Израелските археолози откриле печати во Ерусалим за кои се верува дека потекнуваат од 6 век пред нашата ера, соопштија од израелскиот Совет за антиквитети.
Отпечатокот во глината со големина од 4.5 сентиметри прикажува маж, веројатно кралот, како седи на голем престол. Археолозите веруваат дека откритието припаѓа на персискиот период на Ерусалим, откако Вавилонците го уништиле градот.
“И покрај бројните досегашни пронајдоци во Ерусалим, откритијата од персискиот период се навистина ретки и затоа имаме недостаток на информации”, велат археолозите Јувал Гадот и Јифтах Шалев.