Скараџиите Предраг Лазаревиќ и Љубиша Џорџевиќ поставија нов рекорд печеќи плескавица од 63 килограми месо и така ги соборија сите досегашни рекорди.
Прогласени се за апсолутни победници и рекордери и ги добија сите 70 поени од трочленото жири. Тие исто така добија и скараџиски пехар кој ќе ги краси полиците на познатиот лесковачки ресторан.
Пред печењето, плескавицата имала пречник од 190 центиметри и била дебела 2 центиметри. После печењето на џиновската скара во центарот на Лесковац, н ејзин ите димензии пораснаа.
Ниту членовите на жирито не го криеа задоволството од одлично завршената работа.