Во организација на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија (ЗПФРМ), под покровителство на Jade Benrejdal и добротворната организација “Bel idéal”, во саботата, на 21.05.2022 год. во хотелот Лимак во Скопје, се одржа манифестација на наградување на ученици и наставници од основните и средните училишта кои придонеле во афирамција на францускиот јазик и култура.
Како завршен дел од манифестацијата беше финалето на натпреварот “Chanson francophone” на кој во посебни категории за основно и за средно образование, учениците се натпреваруваа во изведба на песна на француски јазик. Специјална жири комисија ги оценуваше гласовните можности, правилниот француски изговор и сценскиот настап на изведувачите.
Во категоријата средно образование во финалето се пласира и Александра Трајческа, ученик во трета година во нашата Гимназија. Таа настапи со песната “N’insiste pas” од Camille Lelouche.
Со моќен глас и емоции, Александра ги освои срцата на публиката. Настапот го заврши со бурен аплауз и овации од публиката.
Откако сите финалисти се претставија пред жири комисијата и пред бројните гости во публиката, следуваше чинот на прогласување на победниците.
Првото место, заслужено ѝ припадна на Александра.
Ментор на Александра ѝ е професорката по француски јазик Мирјана Бошковска.
Погледнете ја во целост нејзината изведба и чинот на прогласувањето на првото место:
Во подготвките за натпреварот учествуваа и проф. Николче Богданоски, проф. Татјана Ивановска и Филип Димоски, ученик во трета година.