Американскиот претседател Џо Бајден има попријатна комуникација со новинарите за разлика од неговиот претходник Доналд Tpaмп, а сега медиумите го пофалија неговиот гест пред Белата куќа.
Имено, откако одговори на новинарските прашања, Бајден им се извини на новинарите што немаат кафе и поради тоа одлучи своето да и го подари на новинарката.
Новинарот Оливер Вилис ја објави снимката на Твитер и наведе дека е убаво да се има преседател кој може нормално да разговара со луѓето.