Максимир 13 мај 1990 година, започна распадот и крвавата војна во поранешна Југославија, а се започна на фудбалската утакмица.
На тој датум пред 27 години со црвени и крвави букви ќе биде запишана во историјата една од најстрашните тепачки во Европа, која всушност претставувала и војна меѓу Србите и Хрватите, а не меѓу двата клуба.
На тој ден се одигра утакмицата меѓу Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда, а неколку денови пред мечот во воздухот се чувствувало дека ќе се случи нешто страшно.
Неколку илјади навивачи од Србија (Делије) биле присутни на Максимир, а две илјади од нив биле од Белград.
Меѓу нив биле и Жељко Ражнатович- Аркан, но и новиот претседател на Србија Александар Вучиќ.
Ф.Г.