(Видео) Вучиќ потресен: Не паметиме поголема трагедија, одговорноста лежи во секој од нас

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање до граѓаните по повод трагедијата што се случи утринава во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград рече дека денеска е еден од најтешките денови во современата историја на земјата.

Тој изрази сочувство до семејствата на убиените деца, децата и семејството на убиениот обезбедувач во училиштето.

„За жал, Србија е обединета во тагата. Таа тага е толку голема што не се сеќаваме на поголема. Но, кога сме обединети во тагата, мора да бараме да ги погледнеме причините, одговорноста на секој од нас, да бараме решенија за вакво нешто, колку и да е непредвидливо, неочекувано, никогаш да не се повтори, бидејќи живееме во таков светот дека може само да се каже дека се намалува бројот на вакви страшни и најтешки инциденти и трагедии“, објасни тој.

Вучиќ видно потресен рече дека не му се брза, како што никој од власта, со своите изјави.

„Сакавме да погледнеме сè каде што системот тргна наопаку, сè каде што лежи одговорноста на секој од нас. Затоа што не можеме да ги вратиме децата на нивните родители“, нагласи тој.

Да потсетиме, ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград со пиштол уби осум ученици и еден обезбедувач, а рани шест ученици и еден наставник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.