Загрижен сум дека четирите работи кои Приштина ги подготвува за ноември можат да ја уништат било која шанса за компромис околу Косово и Метохија, вели српскиот претседател Александар Вучиќ за српски “Спутник”.
Toj прецизира дека Албанците веќе донеле одлука на Денот на албанското знаме 28 ноември да формираат војска на Косово, што би било најголем поклон за албанската нација.
Како друга опасност Вучиќ ја наведува можноста организацијата ENTSO-E (Европски сојуз за електродистрибутери) да ја исклучи трансмисионата мрежа во Србија, од Нови Пазар до северот на Косово.
“Во тоа денеска учествуваат луѓе кои ги поддржавме со својот глас и ко велат дека не можат ништо, затоа што на нив се врши страшен политички притисок. А би требало таа организација да нема никакви врски со политиката”, вели Вучиќ.
Тој додава дека исто така се во разговори и дека ќе се одвива расправа за тоа на кои теми Приштина ќе се ограничи во разговорите со Белград околу можното решение.
“Кога ќе го видите сето тоа, а ќе видите дека немаат никаква намера да направат било што по прашањето за формирање на Заедницата на српски општини, јасно ви е дека ќе се соочуваме со се’ поголеми проблеми”, предупредува српскиот претседател.
Како четврто Вучиќ наведува дека во тек е голема акција на косовските Албанци. “Ние следиме што тие прават, не тие, туку нивните спонзори, на кои се начини се обидуваат да обезбедат мнозинство за прием на Косово во Интерпол”.
“Ќе дадам се од себе, ќе се борам на сите начини да го зачуваме мирот и да му помогнеме на нашиот народ колку што можеме”, вели Вучиќ.
Во продолжение погледнете го целото интервју на Вучиќ за Спутник: