(Видео) Вухан одблокиран по 76 дена: На луѓето конечно им е дозволено да го напуштат градот- погледнете како изгледаше тоа

Кинеските власти го одблокираја излезот на Вухан, градот кој беше жариште од каде започна епидемијата на коронавирусот и 76 дена беше отсечен од светот.

Ноќта на 8 април властите ги отворија патиштата на излезот од градот и им дозволија на луѓето да го напуштат.

Вухан од 23 јануари беше целосно изолиран од надворешниот свет поради епидемијата. Сообраќајот во градот беше целосно запрен, вклучувајќи го метрото, автобусите, траектите. Затворени беа и аеродромите и железничките станици, а на граѓаните им беше забрането да излегуваат без посебно одобрение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.