Францускиот претседател Емануел Макрон вербално се судри со лекарка на париската болница, само неколку дена пред да признае дека Франција не била подготвена за епидемијата на коронавирусот, што може да се види на видео-снимката која исплива во јавност.
Расправијата се случила во болницата Кремљ-Бицетре во Париз на 9-ти април. Набрзо откако видеото беше објавено од синдикатот на медицинските работници, претседателот беше прикажан и во други снимки од неговата канцелари како аплаудира со персоналот во оваа установа.
На снимката од синдикатот може да се види како Макрон им говори на медицинските работници: “Не надохнадивме 15 години намалување на тарифите во болниците, во право сте, но не преземам одговорност за се што е правено претходно”.