ВИДЕО – Во Унгарскиот парламент отстранети и фрлени од прозорец знамиња на Европската Унија

2121212121

Парламентарните претставници на унгарската националистичка партија, отстраниле две знамиња на Европската Унија од унгарскиот парламент и ги фрлиле низ прозор во дворот на парламентот.

Причина за овој перформанс бил владиниот закон со кој се овозможува стекнување на сопственост над земјоделските земјишта во Унгарија  од страна на странци.

Чинот на тргање на знамињата се случил за време на расправата за новиот закон.

Претставниците на националистичката партија во Унгарија, кои имаат 47 пратеници во парламентот, знамето на Европската Унија го нарекуваат “симбол на колонијализмот” и тврдат дека не постои закон кој обврзува да се истакнува тоа знаме.

Aлександар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.