(ВИДЕО) Во пресрет на празниците промовиран новиот хит на прилепската ѕвезда, Оливер Лозаноски

По неколку годишна пауза нашиот шоумен и вокален солист, Оливер Лозаноски, на своите обожаватели им подари најубав новогодишен подарок.

Станува збор за новата песна “ЖЕНИ”, која е авторско дело на композиторот Мендо Ташкоски.

Како гости во оваа композиција учествуваат виртуозот на хармоника Димитар Митровски и Катерина Поповска како пратечки вокал. Песната е снимена во најдоброто музичко студио на овие простори, МТ музичко студио во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.