Кога Андрес Рузо бил млад, неговиот дедо му ја раскажувал приказната за древниот град од злато во Амазонија, како и за мистериозната река.
Кога пораснал Рузо, откако станал експерт за геотермални потенцијали, одлучил да го истражи митот за кој како дете често слушал и размислувал. Составил тим на научници и внимателно ги истражувал геотермалните извори. Но она што го изненадило бил големиот број на геотермални извори, а сепак тој регион не е познат по своите вулкански активности, пишува “Ќуросити”.
Иако останатите од неговата професија сакале да ја занемарат оваа експедиција, Рузо одлучил сериозно да се позанимава со овој феномен. Тој во 2011 година го започнал истражувањето на овој суров терен и иако се подготвил да ја види митската река, тоа што го видел ги надминало неговите очекувања.
Кога конечно ја пронашол мистичната река Мајантујаку, забележал дека е врела.
Температурата на водата била 93 степени Целзиусови, со мало варирање во некои денови. Реката е длабока шест метри, а нејзините најшироки делови достигнуваат и околу 25 метри.
Оваа висока температура е доволна да создава пареа, но и да го убие секое живо суштество кое ќе влезе во неа. Она што е тешко да се каже, зошто реката е воопшто толку врела?
Една теорија вели дека нејзината температура би можела да има вулкански карактеристики, односно дека е резултат на претходно незабележани текови на магма.
Според друга теорија, која е и најреална, водата доаѓа од длабочината на Земајата, каде температурата е природно екстремно висока, но научниците не можат да бидат сигурни што стои позади овој импресивен и екстремно опасен феномен.