Хуанкси пред 30 години било сиромашно и запуштено село во кое живееле приближно 600 жители. Тогашниот секретар на Комунистичката партија Ву Ренабо, направил план за збогатување, основајќи повеќе од 12 фирми и за 30 години, ова мало село го претворил во богат регион.
Денес бројот на жители е зголемен на 2000 регистрирани и сите оние кои живеат во идентичните вили. Секој жител има повеќе од 143.000 долари во банка, бидеќи годишната плата им е 17.717 долари, што е за 40% поголема отколку просечните приходи во другите кинески краеви.
За да ја покажат нивната економска моќ, во 2011 година изградиле облакодер висок 328 метри и вреден 430 милиони долари. Со тоа градот има тематски парк во кои има реплика на разни кинески споменици. Штом се досели во овој крај, секое семејство добив вила и автомобил, додека за превоз на луѓето на поголеми растојанија, се користи хеликоптер. Но без разлика на се, многу луѓе велат дека животот во Хуанкси не е едноставен.
За живот во овие услови мора да работите 7 работни денови во неделата во индустриски сектор. Пороците како коцкање и дрога, строго се забранети. Клубови и барови не постојат, а на жителите им е забранет контакт со медиумите и не можат да го напуштат селото бидеќи ќе изгубат се што имаат.
Ф.Г.