(Видео) Во длабочините пронајдоа мистериозно суштество

Нуркачот Виктор Весково во склоп на експедицијата “Пет длабочини” за документарецот на “Дискавери”, ги истражуваше тајните на подморската дупка “Сунда”. Но она што членовите на експедицијата го видоа на длабочина од 7.2 километри, ги остави без текст.

“Вакво нешто немавме видено до сега”, прокоментираа нуркачите. На дното пронајдоа, според нивните тврдења, нов вид животно.

“Често се случува да пронајдеме некој вид кој ќе не остави без текст. Во овој момент не можеме да кажеме за кој морски вид се работи, но во догледно време сигурно ќе дознаеме”, наведе во соопштението Алан Џејмсон, шефот на експедицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.