Acinonyx jubatus hecki е називот на најретката група гепарди, кој уште се нарекува и западноафрикански гепард или гепард од Сахара.
Некогаш живееле на целиот северозападен дел на Африка, а сега се наоѓаат во само 9% од нивното поранешно подрачје.
Меѓународната унија за заштита на животните (IUCN), во 2008 година, го процени бројот на гепарди во северозападна Африка на околу 250 единки; во 2012 година овој број се намалил на 37- со што се потврди дека овој вид е на работ на изумиpaњe.
За последен пат овој гепард е снимен со камера пред речиси 10 години за време на научното истражување на зоолозите.
Во 2015 година научниците пронашле траги и остатоци на овие животни, а забележале и три гепарди во резерватот Термит и Тин Тума на југоистокот од Нигер.
Пред неколку денови од Алжир стигна убава вест: претставник на подвидот Acinonyx jubatus hecki е забележан во националниот парк Ахагар, кој се наоѓа во централниот дел на алжирска Сахара, на територијата на истоимената висорамнина.
?Video ? of the critically endangered Saharan cheetah ? in the Ahaggar cultural park of Tamanrasset, in the south of Algeria.#Algeria #Algerie #الجزائر pic.twitter.com/XAV4H6ni9e
— NAS info (Algeria) (@NASinfo1) May 19, 2020