(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ:”Црвен картон од народот за предавствата на пратениците и Градоначалникот?!”

По повод големото фијаско кое го доживеа Владата на “НАТО прославата” во саботата, претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ-Прилеп Петар Ристески одржа прес-конференција:

“Погубните политики на СДС со кои Македонија ја клекнаа на колена, во саботата добија црвен картон од народот. Затоа што народот знае, народот е свесен и народот сведочи за секојдневните предавства и понижувања кои владата предводена од СДС му ги прави.

Сите кои сте на чело на СДС и на локално и на централно ниво:
Народот ве гласаше за да сработите нови проекти во интерес на граѓаните, да ги зголемите платите на здравствените, на просветните работници, да овозможите подобри услови за работа на приватниот сектор со цел зголемување на платите и во овој сектор. Да градите нови градинки, училишта, подобра инфраструктура.

Вас, Јованоски Илија и Хари Локвенец, граѓаните ви дадоа доверба да го овозможите сето ова. Во Вашите изборни програми имаше проекти со кои ги излагавте прилепчани. Во нив не го ветивте вашиот единствен проект до сега: промена на вековното име на нашата татковина, Македонија. Вашето неработење и вашата неспособност ја криете зад лажната европска иднина, а всушност сте директни учесници во срамното уништување на се што е историја и што со векови му припаѓа на нашиот народ.”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.