Македонскиот капитен Владо Илиевски се повлече од репрезентативниот дрес.
Мечот со Словенија на Евробаскет 2015-та беше негов последен во дресот на Македонија. Владо Илиевски имаше емотивно простување, а ќе беше убаво да заминеше со триумф.
Сепак, Илиевски во својата кариера и донел многу триумфи на Македонија. Тој многу ја задолжи спортската јавност и секогаш беше вистински пример како се бранат боите на државата.
На Јутјуб се појави видео за Владо Илиевски со наслов „Ти благодариме за се“, потпишано од Мартинез македон.