(Видео) Вечерва премиера на новиот македонски филм “Кино љубов” во киното “Мис Стон” во Прилеп

„Кино Љубов“ во режија на Јани Бојаџи е најновиот македонски филм, кој премиерно ќе биде прикажан на 7 ноември /вторник/ од 19.30 часот во кино Мис Стон. Се работи за 93 минутна драма во која играат Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски…

Содржина:

-Коста е актер кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Дополнително на с#, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И решава да земе заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата – се вели во содржината на филмот.

******************************************************************************

Влезниците по цена од 150 денари ќе се продаваат вторник од 10 до 13.00 ч. и два часа пред проекцијата на филмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.