Веќе година ипол на локално и речиси две години на државно ниво СДСМ е власт во Прилеп и државата. Се потсетуваме на ветувањата кои во изминатите години ги даваа пред граѓаните и преку кои ветуваа подобра живеачка за сите.
Денеска потсетуваме на една прес конференција на Сашо Велески, поранешен претседател на Општинската организација на СДСМ од Прилеп.
Еве што тој им ветуваше на прилепчани неколку месеци пред парламентарните избори во 2014 година:
Инаку, Велески од 2017 година е неизвршен член на Одборот на директори при АД Македонски Телеком, а на оваа позиција беше избран на предлог на актуелната влада од СДСМ.
Името на Велески постои и на официјалниот сајт на Телеком, каде пишува дека покрај неизвршен член на Одборот на директори, тој е и заменик претседател.
Како што пишува “Капитал”, според извештајот на компанијата за 2016 година, заменик претседателот на Одборот на директори добивал плата од 3.000 евра месечно.