Со развојот на медицината некои состојби на немање вид сега се оператибилни и можно е да се поврати видот. За среќа, тоа сега е можно и за кучињата. Еден од тие среќници е и ирскиот териер, Дафи. Дафи имал големи проблеми со здравјето. Добил диjaбетес, што довело и до губење на видот.
Ветеринарите успеале, со помош на лекови, да го стабилизираат дијабетесот, но сиротото куче ништо не гледало.
Замислете каков шok е тоа за едно влакнесто суштество. Неговото семејство не се двоумело за операција, а откако му се вратил видот, и среќата била поголема. Реакцијата можете да ја погледнете во видеото, навистина е посебна.