(Видео) Велика Британија утре ја напушта Европската унија: Веќе ништо нема да биде исто, но тука не е крајот на преговорите

Велика Британија утре на полноќ и официјално ќе ја напушти Европската унија, повеќе од 1.000 денови откако граѓаните на референдум одлучија да го напуштат европското семејство.

Обединетото кралство заедно со Ирска стана дел од Унијата во 1985 година.

Пред разводот кој ќе ја означи новата ера во односите меѓу Брисел и Лондон, вчера и Европскиот парламент гласаше и го потврди договорот. Стануваше збор за симболична формалност пропратена со двочасовна дебата.

“Ќе ни недостига знаењето, енергијата и смислата за хумор на британските пратеници”, рече Ги Верхофштат, поранешниот белгиски премиер и координатор на Европскиот парламент за Брегзит.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.