На фудбалските терени често гледаме нервозни реакции на фудбалерите кога ќе промашат некоја шанса, но ова што го направи Варди е до сега невидено.
Варди промаши чист зицер за 3:0 во 88-та минута па реши самиот да се казни и тоа го направи на жесток начин.
Напаѓачот не можеше да се помири со тоа што го промаши и почна да се удира со тупаници во лицето, па се заборави и броеше до девет.