На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа дека рампата кај железничкиот премин во населбата Сточен пазар во Прилеп не работи.
На видеото се гледа дека рампата не е спуштена додека поминува еден од кинеските патнички возови.
Како е можно во 21 век, кога сите политичари од власта ни велат дека цветаме како држава, да се случува нешто вакво што ги загрозува животите на граѓаните?
Вака ли се движи возот кон Европа?