Пикадото е друштвена игра во која целта е со стрелките да се погоди во округлата плоча која е поделена на 21 дел. Секој играч има по три стрелки и во зависност од варијантите на игра има различна цел. Постојат варијанти во кои победник е оној играч кој ќе погоди најмногу бодови во определен број на фрлања.
Играта е настаната во Англија во 19 век меѓутоа името и потекнува од францускиот јазик. Играта се развивала така што на стрелките им се вградило хартиено перо, кое овозможува прецизен лет на стралките. Во почетокот стрелките биле изработени од дрво, додека со развојот на технологијата стрелките почнале да се изработуваат како комбинација од метал и пластика.
Откако ќе ги погледните овие момчиња како играат ќе посакате и вие да изиграте некоја партија.