(Видео) Бурно во црногорското Собрание – спречена физичка пресметка на ратификацијата на Протоколот за влез во НАТО

Црногорските пратеници денеска го ратификуваат Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, но за време на седницата беше прилично бурно.

Од власта стигнаа оценки дека станува збор за историски чекор напред, од кој бенефит ќе има целиот регион, меѓутоа опозицијата смета дека се работи за погрешна одлука.

Особено им пречеше присуството на претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, кој од страната на лидерот на опозициската партија, Андреј Мандиќ беше наречен терорист кој пукал во македонската полиција.

Но, тука не бил крајот, за малку ќе дошло и до физичка пресметка, откако еден од лидерите на Демократскиот фронт Милан Кнежевиќ од клупата почнал да дофрла навредувачки зборови за Миодраг Вуковиќ од ДПС.

Кнежевиќ го прекинувал Вуковиќ додека зборувал, поради што од претседателот на црногорското Собрание побарал да го прекине, додавајќи дека не сака да полемизира со него.

Откако пресметката била прекината, Кнежевиќ имал и нова порака за Вукович.

„Мене Мишко Вуковиќ овде ми вели „сега ќе видите што ќе ви направиме“. И никој не реагира. Е, јас му порачувам на Мишко и на сите кои ќе се обидат нешто да ми направат на мене и на Андреј Мандииќ, или на било кој од нашето семејство, нека бидат подготвени дека ќе ги чека повратен удар“, рекол Кнежевиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.