(Видео) Бугарскиот европратеник Џамбаски со нациcтички поздрав во Европарламентот (Видео)

Со гест кој се смета за нацистички поздрав, десничарско националистичкиот бугарски европратеник предизвика револт во Европскиот парламент.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на дебатата на Европскиот парламент во Стразбур предизвикал скандал откако ја напуштил расправата за владеењето на правото во Полска и Унгарија со нацистички поздрав.

-Бидејќи го бранеше владеењето на правото во Европскиот Парламент Сандро Гоѕи беше навреден од европратеникот Џамбаски, кој ја напушти салата со скандалозен нацистички поздрав. Ја имаш нашата целосна поддршка Сандро. Ја повикуваме г-ѓа Мецола, претседателката на ЕП , да преземе чекор“, реагираа на Твитер од парламентарната група Ренесанса, на која и припаѓа Гоѕи.

Џамбаски подоцна се правдаше и негираше, велејќи дека само сакал да мафне некому.

Претседателот на Европската народна партија во ЕП, Манфред Вебер на Твитер напиша дека неговата пратеничка група го осудува инцидентот и побара итна казна: „Ова е спротивност на она за што се залага ЕП”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.