Рио де Женеиро е препознатлив по познатата статуа на Христос Спасителот која се наоѓа над градот, но Бразил одлучи да изгради уште една.
Во тек е изградбата на уште една статуа, во градот Енкантаду на југот од земјата, која ќе биде грандиозна и висока 43 метри.
Изградбата започна во 2019 година, а пред неколку дена беа поставени главата и раширените раце. Се очекува статуата да биде завршена до крајот на оваа година, пренесува Франс24.