(Видео) Бојан Јовановски и се закани на судијката

Обвинетиот Бојан Јовановски и неговиот адвокат Сашо Дуковски ги даваа завршните зборови за случајот “Peкет”.

Скандалозни заврши зборови, вака наједноставно може да се објасни ситуацијата која денес ја затекнаа новинарите во судницата на едно од последните рочишта за случајот „Peкет”, вели новинарот Александар Митовски.

Од она што го дознавме од завршните зборови на Бојан Јовановски и неговиот адвокат позади рекетот стоеле сценарио за уништување на СЈО, замислено токму од Зоран Заев. Јовановски тврди дека токму на една од средбите со Заев, тој објаснувал дека СЈО му направило голем проблем со покренувањето на случајот Империја, каде обвинети се Сашо Мијалков и Јордан Камчев, пренесува порталот Инфомакс.

-Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне, говореше Јовановски на денешното рочиште.

На крајот на својот завршен збор Јовановски и се закани на судијката Масесвка дека има две опции, да го ослободи бидејќи според него нема доволно докази, а другата е да биде осуден драконски со повик на црвениот телефон, во таков случај Јовановски кажа дека има уште еден УСБ диск со материјали од неговиот телефон, докази кои упатуваат на наводната инкриминароност на судијката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.