За сите оние што уживаат да бојадисуваат јајца за Велигден и притоа имаат време целосно да му се посветат на тој процес еве едно интересно видео
Ако сакате вашата велигденска трпеза да изгледа мошне живописно, а јајцата да бидат вистински мали уметнички дела, тогаш би можеле да ги украсите јајцата како што тоа го прават домаќинките од Украина.
Велигденските јајца во Украина се украсуваат на традиционален начин и мошне е вообичаено за време на Велигден да се видат на трпезата. Јајцата се украсуваат со помош на восок, посебен алат, а шарите на нив се традиционални шари од украинската култура. Тие често се украсени со разни линии и геометриски фигури како квадрати и триаголници.