Дали ви се случило за време на утакмицата да дојде до прекинување на сигналот ?
Токму тоа му се случи на овој навивач на БиХ, од Кентаки.
Жијад Жијо Черимовиќ стана хит на социјалните мрежи по квалификационата утакмица за Светското првенство, меѓу Грција и Босна и Херцеговина. Тој се снимил како со секира го крши уредот за пренесување на сигнал, бидеќи сигналот се изгубил последните 8 минути.
“86 минута, а јас не можам да видам ни дали губам, не пак дали победувам. Зошто ве плаќам….” викаше и пцуеше Жијо.
Ф.Г.