Јувентус го доби натпреварот против Интер во “Дерби Италија” со 1:0. Колумбиецот Хуан Квадрадо со бомбастичен погодок му ја донесе победата на Јуве, што се покажа како доволно за трите бода.
На самиот крај од првото полувреме во 45-тата минута, Квадрадо дојде до една одбиена топка од шестнаесетникот на Интер и со волеј удар ја смести во мрежата на Хандановиќ.
Погледнете го ова ремек дел од погодок:
Јувентус се наоѓа на врвот на табелата и сугурно чекори кон шесттата последователна титула во Сериа А.
A.Г.