(Видео) Битолчани покажаа како се сака Гоце Делчев

Со македонското оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечерва започнува 52. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.

Годинава фестивалот „Илинденски денови“ се одржува под мотото „Од корените до цветот“, а корените датираат од 1971 година, вели м-р Валентин Соклевски, програмски селектор на фестивалот.

Во фолклорното дефиле кое започна на Широк Сокак се и гостите кои годинава доаѓаат од Шпанија, Мексико, Колумбија, САД, Полска, Италија, Србија и десетици домашни ансамбли, кои го донесоа националниот фолклор низ улиците на Битола.

За прв пат по Широк Сокак помина и битолската коњаница „Галоп“, која до 2. Август ќе се движи по патот на илинденците, до славно Крушево.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.