(Видео) “Бела Чао” ечеше од минаре: Xaкиран системот за молитва- покрената истрага за пронаоѓање на сторителот

Турските власти покренаа истрага откако некој го xaкирал системот за повикување на молитва, па од минарината од неколку џамии во Измир ечеше италијанската антифашистичка песна “Бела чао”.

Оваа песна била пуштана, наместо повикот за молитва кој се пушта по пет пати во денот.

Локалниот огранок на турските власти кој е задолжен за верски прашања го потврди овој инцидент и најави отворање на внатрешна истрага и поднесување на пријави до полицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.