За време на видео-состанокот меѓу Џо Бајден и Хилари Клинтон, во еден момент тој ги затвори очите, ја спушти главата и поради тоа луѓето се сомневаат дека кандидатот на демократите заспа.
Во тој момент Хилари зборуваше за вработените жени. Таа за време на состанокот го поддржа Бајден, кој најверојатно ќе биде претседателскиот кандидат на демократите оваа година.
Видеото стана вирално за кратко време, а корисниците на социјалните мрежи се шегуваат на сметка на Бајден.
Joe Biden has fallen asleep listening to Hillary Clinton during his own town hall pic.twitter.com/tCfbXwezys
— Caleb Hull (@CalebJHull) April 28, 2020