Густав Ајфел дизајнирал стан кој се наоѓа на највисокиот спрат на Ајфеловата кула. За него никој не знаел, а направен е по отварањето на симболот на Париз 1889 година.
Славниот архитект го користел овој стан за свои лични потреби. Повремено во него ќе доведел и гости, важни луѓе како познати истражувачи.
Многу моќни Французи од тоа време му нуделе многу пари на Густав за да преноќат една вечер, но тој не им дозволувал.
Ф.Г.