Силно невреме го погоди градот Драма, што предизвика и големи пpoблеми во сообраќајот.
Голем број на продавници и станови се поплaвeни, а патиштата оштетени.
Пожapникарите добиле околу 60 повици за испумпување на вода од голем број на стамбени и деловни објекти, а пет луѓе се спасени од автомобили.
Покрај големата количина на дожд, подрачјето беше погодено и од силен град. Невремето беше толку силно што беа потребни багери за остранување на градот од патиштата.