(ВИДЕО) Американците ја расплакаа шампионката на “Ју-Ес Опен”: Свечената церемонија беше “уништена” од американската публика

Брука во Њујорк! Новата шампионка во Ју-Ес Опен, младата јапонка Наоми Осака, се расплака на свечената церемонија, бидејќи не можеше повеќе да ги поднесе свирежите и на вредите од американската публика.

20-годишната јапонска тенисерка Наоми Осака беше вистинска сензација на Ју-Ес Опен. Ја освои шампионската титула, откако во финалето ја совлада фаворизираната Американка Серена Вилијамс со 6:2, 6:4.

На свечената церемонија се расплака, но не од среќа, туку поради лошото однесување на њујоршката публика. Наместо со аплауз како што доликува за шампион, публиката ја поздрави со свирежи. Наоби беше разочарана и не можеше да ги сокрие солзите.

Кога виде дека ситуацијата се влоши, реагираше и Серена. Го зеде микрофонот и ја замоли публиката да ја поздрави Осака, на која ова и е прва Грен слем титула во кариерата.

“Знам дека сите навиваа за неа, извинете што испадна вака. Во секој случај, ви благодарам што го гледавте нашиот меч. Сонував за да играм финале во Ју-Ес Опен со Серена. Мило ми е што ја добив таа шанса во животот”, рече Осака.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.