Се чини дека деновите кога Американците пиеја детергенти за превенција од кopoната, не се поминати. Имено, во последните неколку недели во Америка е актуелен лекот ивермектин, кој се користи за прочистување од глисти, како и за лечење на животните од различни внатрешни и надворешни паразити.
Погрешната идеја за употребата на ивермектин за лечење или превенција од кopoната не е нова. Во петокот Министерството за здравство ги повика здравствените работници во Мисисипи да ги пријават сите случаи поврзани со конзумирање на ивермектин.
“Не сте ниту коњи, ниту крави. Престанете”, напишаа од ФДА на Твитер заедно со линкот од статијата со наслов “Зошто не треба да го користите ивермектинот за лечење или спречување на Koвид-19”.