(ВИДЕО) АГЕНТИ НА ЦИА ТАЈНО СОБИРАЛЕ ВИЦЕВИ ЗА СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ: Дури и Реган ги користел во своите говори !

Животот на тајните агенти за време на Студената војна е секогаш интересна тема.

И покрај секојдневите работи како што се надзор, прислушување, следење, тајни задачи, тие сепак пронајдувале време за забава и опуштање.

Документите пронајде во тајниот склад на ЦИА покажуваат дека агентите кои работеле во тоа време не се разликувале од нас.

Во документите од кои е отстранета ознаката “доверливи” пронајдени се шеги и вицеви кои агентите на ЦИА ги собрирале и ги пренеле во Вашингтон.

Ова се некои од нив:

“Американецот му кажува на Русинот дека САД е толку слободна земја што човек може да појде пред Белата куќа и на цел глас да пцуе против Роналд Реган. А на тоа Русинот му одговорил: Тоа не е ништо. Јас можам да застанам пред Кремљ и исто така на цел глас да пцујам против Роналд Реган”.

“Работник чекал во продавница за пијалоци и рекол: Доста ми е. Чувајте ми го местото, одам да го убијам Горбачов. По два часа се враќа назад и побарал да застане на местото на кое стоел пред да замине. Неговиот пријател го прашал: Дали успеа? А овој му одговорил: Не, таму редот е многу подолг од овој тука”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.