Исландската пратеничка Унур Бра Конрадсдотир го доеше бебето додека држеше говор во парламентот. Ваквиот потег на храбрата пратеничка е прв во Исланд и веројатно единствен во светот. Пратеничката изјавила дека бебето било гладно, а таа не очекувала дека ќе треба следна да излезе на говорница. Вели: „Требаше да одлучам дали да го оставам бебето гладно во солзи или да излезам со него на говорница и да го нахранам“