Видеото на кое Бајден и’ вели на млада девojка “Немој да имаш сериозна врска до 30-та” доби милиони прегледи (Видео)

Видео снимка на која американскиот претседател Џо Бајден кој ѝ приоѓа на една девојка на колеџ во Калифорнија, ја фаќа за рамо и ѝ шепнува: „До 30-та нема сериозни дечковци, совет што им го дадов на моите ќерки и внуки“ – се шири на социјалните мрежи.

Изненадената девојка му одговорила: „Во ред, ќе го имам тоа на ум“.

Снимката ја објави репортерот Кален Д’Алмеида, кој тврди дека Тајната служба се обидела да го спречи снимањето.

Видеото беше прегледано речиси 5 милиони пати, а противниците на Бајден веднаш почнаа да го критикуваат и да го нарекуваат морничав Бајден.

Фотографии и снимки на кои Бајден се бакнува, гушка, милува по глава и лице или им шепоти на уво на девојки, но и на возрасни, па и на постари жени, практично се шират на социјалните мрежи откако тој влезе во изборната трка.

Поради ова, меѓу американските десничари и поддржувачи на неговите противници, го добил прекарот „Морничавиот чичко Џо“.

Две жени го обвинија во 2019 година дека ги допирал несоодветно на настани поради кои се чувствуваат непријатно.

Бајден се извини, се обиде да објасни дека има најдобри намери и рече дека во иднина повеќе ќе го почитува личниот простор на другите луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.