Рускиот амбасадор во Турција им подлегнал на повредите по нападот во Анкара, каде што присуствувал на изложба на фотографии, потврди Руското МНР.
Нападот на Рускиот амбасадор во Турција е „акт на тероризам“, вели портпаролот на Руското МНР Марија Захарова.
„Непозната личност отворила оган за време на јавен собир во Анкара. Како резултат на тоа, Рускиот амбасадор во Турција добил прострелна рана“, изјави Захарова претходно.
Амбасадорот, Андреј Карлов, беше повреден за време на говор кој го одржувал во салата.
Фотографии на кои се гледа терористот со оружје се шират по социјалните мрежи.