(Видео)РЕВОЛТ КАЈ НАРОДОТ: Изјавите за кратење на плати и пензии предизвикаа револт кај граѓаните!

По изјавите на СДСМ дека платите и пензиите ќе се зголемуваат, додека поранешниот министер за финансии од нивните редови, Никола Поповски, порачува дека идната влада ќе треба да води рестриктивна политика, граѓаните велат дека примањата во времето на СДСМ редовно паѓале.

anketa-520x322

– Еднаш скинаа 8 посто. Сега ако дојдат не 8, 18 посто ќе ги скинат. И тотално неправилно сакаат да дојдат на власт, со сила сакаат да ја земат власта.

– СДСМ кога беше на власт, јас работам во државна болница, и на рати ни даваа, а ВМРО-ДПМНЕ ни ја дава цела плата и навремено.

– До сега ВМРО-ДПМНЕ водеше сметка и тоа го видовме.

Ова се само дел од коментарите на анкетираните граѓани.

Ексминистерот Поповски во интервју за Радио Слободна Европа, рече дека новата влада ќе мора да спроведе реформи во кои жртви може да бидат јавната администрација и пензионерите.

– Сите сме свесни дека во последниве 7-8 години нивото на реалните пензии во Македонија драстично се зголеми над нивото на реалните плати. Тие и едните и другите стануваат недоволни за живот. Но, едните многу побрзо отидоа напред, отколку другите и сега тоа е дебаланс и ќе треба да се намали тој дебаланс. Пак ќе има жртви, истакна Поповски за Радио Слободна Европа.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ ги скратила пензиите, а во време на владеењето на таа партија невработеноста достигна рекордни 38 проценти, додека изминатите десет години просечната пензија е зголемена за 70 проценти, а платите во јавниот сектор за 25 отсто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.