Отец Методиј од Валаамскиот Манастир на Руската православна црква, кој е по потекло од Македонија повторно имаше срдечна средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Но наместо со бакнување рака, како што тоа го направи минатиот пат, сега Отец Методиј во манастирот во Валаам го пречекал Путин со широко срдечна прегратка.
Фотографијата на својот фејсбук профил, со коментар „Беше забавно. Отец Методиј го сака Претседателот“ ја сподели игуменот на Валаамскиот манастир, Епископот Панкртиј.
Инаку средбата на Отец Методиј и Владимир Путин се случила викендов, кога манастирот го чествува патрониот празник.
Во манастирот во посета бил и Патријархот Кирил.