Покојниот лидер на Либија Муамер Гадафи, наводно сакал да го ожени неговиот втор син со една од ќерките на претседателот на Русија Владимир Путин, изјави еден од советниците на екс-лидерот на Либија.
Гадафи му пришол на Путин и го прашал со цел зацврстување на врската помеѓу двете држави, неговиот син, Саиф ал Ислам Гадафи, да и понуди брак на една од неговите ќерки, наведува Мухамед Абд Моталеб ал Хуни за агенцијата “Ал Арабија”